четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 126
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Познати

„Често го сонувам, го гушкам и молам да остане уште малку“ – Анастасија Ражнатовиќ емотивно за нејзиниот татко

„Често го сонувам, го гушкам и молам да остане уште малку“ – Анастасија Ражнатовиќ емотивно за нејзиниот татко

Анастасија Ражнатовиќ за прв пат во кариерата откри интимни детали од нејзиниот живот и раскажа како се чувствувала да расте без нејзиниот татко. Таа во гостувањето во „Сценирање“ откри и како и било да расте како дете на најголемата музичка ѕвезда на Балканот, но и за апсењето на Цеца.

– Како што знаете, имаше многу осцилации во нашите животи. Јас и Вељко бевме прилично млади кога се случи сето тоа. Кога мајка ми ги имаше тие проблеми, ми беше крајно тешко со тоа, бидејќи сум многу приврзана за мајка ми. Во моментот кога мајка ми ја одведоа … Јас тогаш имав пет години, бев многу млада. Со Вeљко не знаевме што се случува, не ни кажаа точно. Се сеќавам само на сцената за мојот петти роденден, бевме во Житораѓа со баба ми и дедо ми, а таа ни рече дека е на службено патување во Америка. Ја повикав и таа липаше по телефон. Ја прашав: „Зошто плачеш, треба да си среќна, роденден ми е“, и таа ми рече: „Не плачам, не плачам“. Не знаевме со сигурност две години што точно се случило – започна Анастасија и опиша како се чувствувала кога сфатила дека нејзината мајка е во затвор.

– Не и судев. Таа за мене е навистина сè на светот и јас бев тажна што мораше да помине такво нешто во нејзиниот живот – призна таа.

Ражнатовиќ рече дека никој никогаш не и рекол ништо лошо за нејзините родители.

– Не можат да го кажат тоа лично. Обично, тоа се луѓе кои се кријат зад компјутерите и имаат слобода да плукаат, навредуваат, дискутираат за теми за кои немаат поим, се хранат со тоа. Ако некој ми го кажеше тоа во лице, ќе реагирав бурно.

За жал, и таа и Вељко не се сеќаваат на нивниот покоен татко, а тоа сепак ги боли многу, а Анастасија вели дека Аркан доаѓа во нејзините соништа.

– Често го сонувам и во тие соништа секогаш се појавува еден ден, потоа заминува, исчезнува. Немаше ништо посебно што му реков. Едноставно не се одделував од него, секогаш го гушкав, му велев: „Можеш ли да останеш уште малку?“ Не знам како е да се има татко. Но, ни беше тешко кога бевме деца. Особено Вељко. Тој никогаш немал татко во тие машки работи, дека може да се потпре на неговиот татко. Но, беше доста тешко и за мајка ми. Никогаш немала грб, па сите ја напаѓале со камења. Лесно е да се нападне жена која е самохрана мајка – рече Анастасија.

Коронавирус