среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 49
home Познати

Целото кралство обвиено во тага – Почина 38 годишниот син на султанот на Брунеи

Целото кралство обвиено во тага – Почина 38 годишниот син на султанот на Брунеи

Принцот Азим, синот на султанот на Брунеи почина пред неколку дена. Покрај тоа што во јавноста беше познат како член на кралското семејство, 38-годишниот Азим беше и истакнат продуцент и омилен на многумина во Холивуд, каде секогаш организираше извонреди забави.

Претставниците на семејството од Брунеи соопштуваат дека принцот почина на 24-ти октомври во болницата во Џерудонг, но не се истакнува конкретната причина за неговата смрт. Сепак според тамошните локални медиуми, Азим долго време се борел со рак на црниот дроб.

Принцот бил четврти по ред во однос на наследување на тронот, а неговото лично богатство се проценува на 5 милијарди долари. Меѓу неговиот потесен круг на омилени пријатели од Холивуд беа Најоми Кемпбел, Мараја Кери, Памела Андерсон и Џенет Џексон.

Погребот на принцот се одржа на 25-ти откомври во Брунеи, а кралството прогласи и 7-дневна жалост по тој повод.

Најнови вести

Коронавирус