недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Познати

Цело богатство за детаљ кој предизвика бура во јавноста: Цел свет ѝ се смее на идната кралска снаа (ФОТО)

Цело богатство за детаљ кој предизвика бура во јавноста: Цел свет ѝ се смее на идната кралска снаа (ФОТО)

Свршеницата на принцот Хари, актерката Меган Маркл  првпат се појави во јавност со кралското семејство во црква во Сандрингам, што е божиќна традиција, малку прекршена бидејќи Меган официјално не е дел од кралското семејство.

Нејзиното присуство заедно со кралското семејство беше најавено, па сите очекуваа што ќе облече на себе и како ќе изгледа.

Идната војвотка Меган реши да игра на сигурна карта, па облече беж капут, кафена чанта и ракавици, но шапката на нејзината глава привлече најголемо внимание, вклучувајќи и потсмев на социјалните мрежи.

На едни им се допадна, на други не, а познато е дека шапката е дело на креаторот Филип Трејси и чини 1.400 евра.