вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Познати

Целиот свет згрозен: 14 годишната ѕвезда во врска со 17 години постариот рапер (ФОТО)

Целиот свет згрозен: 14 годишната ѕвезда во врска со 17 години постариот рапер (ФОТО)

Ѕвездата на серијата „Stranger things“ Мили Боби Браун ја шокираше публика со одговорот на прашањето во каква врска е со 31 годишниот рапер Дрејк.

На Мили неодамна и беше поставено прашање за нејзиниот однос со раперот Дрејк, а одговорот ги шокираше сите медиуми. 14 годишната ѕвезда пред цел Холивуд изјави: „Го сакам“.

Говорејќи за нивното пријателство, младата актерка кажала:

-Го запознав во Австралија и искрено е фантастичен, одличен пријател и одличен пример. Пред некој ден едноставно заклучивме дека си недостасуваме еден на друг. Ми прати порака: „Толку ми недостасуваш“, а јас него му вратив: „Ти мене уште повеќе“.

Мили порано имаше кажано дека Дрејк и дава животни совети, а на прашањето на новинарот за какви совети „за деца“ се работи, таа кажа:

-Тој ми помага. Да, да, да. Тој е супер. Тој е одличен. Јас го сакам.

Кога новинарот малку повеќе ја притисна да се изјасни  за тој совет кој Дрејк и го дава за дечињата, таа кратко кажала:

-Тоа останува во текстуалните пораки.

Таа исто така кажала дека ќе го види Дрејк кога ќе доаѓа на турнејата во Атланта во ноември оваа година. Таа отворено и возбудено зборувала за пејачот и очигледно Мили не гледа ништо чудно во тоа да разменува пораки со човек кој е двојно постар од неа.

После овие изјави на малолетната 14 годишна актерка, „експлодираше“ Твитер заедницата. Поголемиот дел од луѓето сметаат дека односот на младата актерка и раперот е „вознемирувачки“ и „морничав“. Во бројните коментари однесувањето на Дрејк е прогласено за предаторско, а едно лице дури и предложи раперот да биде „заклучен“.