сабота, 28. март 2020. Вести денес: 80
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

Целиот регион во солзи: Сестрата и таткото на оваа пејачка починале на болен начин, докторите и рекле дека никогаш нема да има деца!

Иако со медиумите дели само убави моменти таа овој пат реши да открие еден трагичен момент од младоста.
Целиот регион во солзи: Сестрата и таткото на оваа пејачка починале на болен начин, докторите и рекле дека никогаш нема да има деца!
ФОТО: Ало.рс/Марко Метлаш

Српската пејачка Мина Костиќ има дури девет браќа и сестри кои покрај ќерката Анастасија и претставуваат најголемо богатство.

Целото нејзино семејство во 1992-та година ја погодило голема трагедија која засекогаш го завила семејството во црно. Таа година се удавила нејзината сестра која до ден денес никој не може да ја прежали.

-Тоа беше многу тешко. Имав 16 години кога се случи големата трагедија. Никогаш не сум зборела на оваа тема. Се сеќавам дека бев на Ада Циганлија и лежев на лежалка, а таа отиде во Сава. Еден пријател ме разбуди и јас како да знаев дека се случило нешто страшно, видов дека пребледе, го прашав што се случило, а тој ми рече дека нешто страшно се случило и веднаш ми рече да ме однесе дома. Тоа беа страшни сцени таа беше многу млада. Го прашав татко ми што се случило, а тој низ солзи ми рече дека сестра ми се удавила, раскажува пејачката.

Таа додава и дека кога и да ја прашале колку браќа и сестри има таа велела дека има десет бидејќи смета дека нејзината душа секогаш живее во нив.

Инаку тоа не е единствената трагедија на пејачката, нејзиниот татко по долгата борба со тешката болест почина неодамна.

Поради лошата семејна трагедија нејзината биолошка мајка на само пет години ја дала на посвојување, а ја прифатила тетката на познатиот рапер Џус.

Таа во емисијата раскажувала и за убавите моменти во животот откако останала бремена иако докторите и говореле дека никогаш нема да може да стане мајка.