сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 56
home Познати

Цел Балкан плачеше поради Љиљана од филмот „Тома“, а ретко кој знае дека актерката живее со ова пореметување

Цел Балкан плачеше поради Љиљана од филмот „Тома“, а ретко кој знае дека актерката живее со ова пореметување

Паулина Манов го расплака цел Балкан со улогата на Љиљана во филмот „Тома“, а малку е познато дека актерката пати од пореметување за кое не се зборува многу, а кое многу и го нарушува животот.

Актерката признала дека боледува од дислексија, поточно нарушување на способноста за читање или разбирање на прочитаното. Паулина откри дека секое читање е голем напор за неа.

На прашањето дали нејзиниот сопруг, сценаристот Владимир Ѓурчевиќ, прво на неа ќе и даде ново парче „за преглед“, Паулина одговори:

– Го поддржувам во работата, но никогаш не читам што пишува. Имам дислексија и за мене секое читање е напор, изјави Пулина во емисијата „Балканска улица“.

Популарната актерка додаде дека таа и нејзиниот сопруг се постојано заедно, практично не се разделуваат, но и дека и значи кога ќе се прашаат како сте или што има ново, исто како што и е важно меѓусебното професионално разбирање.

Коронавирус