петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 155
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово

home Познати

Цеца снимена во тајна посета со Саша Поповиќ пред официјалната објава дека е дел од жирито на Звездите на Гранд (ФОТО)

Цеца снимена во тајна посета со Саша Поповиќ пред официјалната објава дека е дел од жирито на Звездите на Гранд (ФОТО)

Цеца Ражнатовиќ е снимена за време на тајната посета со Саша Поповиќ на Безаниска коса, два дена пред Гранд да испрати официјална објава дека се договориле со фолк sвездата за нејзиното учество на натпреварот на „Ѕвездите на Гранд“.

Пред да дојде во куќата на Саша, Цеца купи голем букет цвеќиња за неговата сопруга Сузана Јовановиќ во Аутокоманда, што го забележаа и камерите.

Да потсетиме, откако Гранд на 2 септември објави дека Цеца е нов член на жирито, сите со нетрпение ја очекуваа објавата на Јелена Карлеуша.

Следеше околу еден час подоцна, а Јелена на јавноста и го покажа доказот дека го напуштила шоуто во јуни 2021 година.

– Драги мои, одлучив дека е време да се повлечам од Звездите на Гранд пред новиот албум, и во согласност со тоа, по сопствена иницијатива, на 28 јуни годинава, ја известив Гранд продукција и го раскинав договорот. Прво ја донесов оваа одлука со цел што повеќе да се посветам на издавањето и промоцијата на новиот албум што доаѓа – напиша Јелена.

Коронавирус