петок, 7. август 2020. Вести денес: 105
home Познати

Цеца проговори: Страшно е ова што ни го прават мене и на Новак

Цеца проговори: Страшно е ова што ни го прават мене и на Новак

Светлана Ражнатовиќ Цеца, одлучи да проговори за актуелната тема за корона вирусот и кажува дека ги почитувала сите мерки на забрани за собири, и во ниеден момент не се осетила виновна поради прославата која ја организирала по повод раѓањето на нејзиниот внук Жељко.

-Апсурдно е луѓето да линчуваат затоа што на нивната забава или турнир некој бил заразен со корона. Никој немаше лоша намера, а на крајот на краиштата секој дошол на своја одговорност, и на турнирот и на мојата прослава. Но, затоа што сега е во ек короната, работите се поставиле како јас да сум го донесола вирусот од Кина и сум го пренела на прославата, раскажува Цеца за српските медиуми.

-Страшно е тоа, а страшно е и ова што му го прават на Новак! Човекот доби дозвола да организира турнир. Му дозволија Хрватска, Србија и Босна. Не е ни во моја моќ, ни во моќта на Новак да одлучуваме што треба, што не, туку постојат стручњаци кои донесуваат такви одлуки, додаде таа.

-Не се чуствував виновна во ниту еден момент. Додека важеа мерките за забрана на собири, јас ги почитував. Истата вечер кога беше мојата прослава, во Белград се отворија и неколку ноќни клубови и сплавови. Па одржана е и утакмица помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан. Значи, државата даде дозвола ние да функционираме нормално на основа на проценка од стручњаци. Немав никакви тешкотии. Се чувствував потполно здраво, но превентивно се тестирав заради бебето. Едноставно, ми беше важно Жељко да биде здрав, не сакав да ризикувам, затоа што не сум себична, заклучи фолк дивата.

 

 

 

Коронавирус