понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 141
home Познати

Цеца откри: Ќе правиме голема српска свадба

Цеца откри: Ќе правиме голема српска свадба

Во најновиот број на српскиот магазин „Hello” на насловната страница осамнаа фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ и нејзините две деца, синот Вељко и ќерката Анастасија.

Поводот за тоа е свршувачката на Вељко и фактот што следната година ќе заплови во брачните води. А кога Цеца жени син, тоа мора да биде на ниво.

Веќе е потврдено дека се подготвува голема српска свадба, на која 23- годишниот наследник на Цеца и Аркан ќе го изговори судбноносното „да“.

-Ќе правиме голема српска свадба. Но, засега не би сакала да ги откривам деталите, изјавила мама Цеца.

Неофицијално, српскиот магазин пишува дека свадбата ќе се случи во месец јуни 2019 година во познат белградски хотел.

Коронавирус