вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 17
home Познати

Цеца откри детали од затворот од кои ќе ве полазат морници- „друштво ми правеа бубашвабите, а на ѕидовите беа моите стихови“

Цеца откри детали од затворот од кои ќе ве полазат морници- „друштво ми правеа бубашвабите, а на ѕидовите беа моите стихови“

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражнатовиќ Цеца никогаш нема да ја заборави таа 2003 година и месец март кога беше ставена во затвор.

Имено пејачката во акцијата „Сабја“ на 17 март беше уапсена и осудена на затворска казна.

-Тогаш само мислев на моите деца. Моите родители успеаја да ги чуваат моите деца подалеку од медиумите и да не читаат разно разни глупости за својата мајка. Они со години подоцна мислеа дека тие 121 ден во затвор јас бев на турнеја во Америка, вели Цеца во својата исповест за српските медиуми.

Иако после три месеци е пуштена на слобода вели дека престојот во затвор и паднало многу тешко.

-Триесет денови бев сосема сама, без право на посета, адвокати, и сонце. Друштво ми правеа бубашвабите, во ќелијата имаше кревет, маса и клупа. Кога влегов на ѕидовите беа испишани моите песни, си помислив „Боже каква иронија“!, додава Цеца.

Таа раскажува и за својата прва ноќ помината зад решетки.

-Првата ноќ беше страшна, не можев око да склопам и плачев. После еден месец добив цимерка и ми беше многу полесно. Можев со некој да зборувам и плачам, вели пејачката.

Таа додава дека затворениците и извикувале и да издржи бидејќи таа била нивна српска мајка, додека други извикувале дека имале единствена прилика да ја запознаат Цеца во живо.

-И затворот е за луѓе. Тоа што го преживеав е реалност и немам намера да плачам, така е како што е, раскажа Цеца во едно интервју за српските медиуми.