сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 84
home Познати

Цеца одговори на прозивките дека ги „мести“ натпреварите на Вељко

Цеца одговори на прозивките дека ги „мести“ натпреварите на Вељко

Синот на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, Вељко неодамна стигна до својата осма победа во боксот во Бања Лука, совладувајќи го унгарскиот противник Андрас Шомор.

Додека семејството Ражнатовиќ со нетрпение ја очекуваше победата на Вељко, имаше и такви кои коментираа како е наместен мечот, а некои дури беа убедени дека токму Цеца е таа која ја потплаќа победата на синот.

Така, пејачката на Инстаграм доби порака од едно момче кое вели дека „платила за Вељко да го нокаутира Унгарецот“.

Цеца не се возбуди премногу на тоа и реши да му одговори на хумористичен начин: „Перице, мерице … Не биди толку лош, тоа влијае на убавината… Работи ти за себе, не ги мрази луѓето што не направиле ништо лошо. Со среќа во животот“.

Момчето потоа ја пофали пејачката и истакна дека Вељко сепак „напорно се бори“, а Цеца му ја честиташе Нова Година, а тој преписката ја објави на „стори“ на Инстаграм.

Коронавирус