сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Цеца не штеди кога го жени синот- од овие детали за свадбата на векот ќе останете без текст, особено од пејачката која е задолжена за забавата

Цеца не штеди кога го жени синот- од овие детали за свадбата на векот ќе останете без текст, особено од пејачката која е задолжена за забавата

Она што српската јавност, но и регионалната го исчекува со нетрпение е свадбата на деценијата која ќе се случи оваа недела во Белград каде ќе се венчаат Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ.

Како што вчера во јавноста одекна веста дека на поканите задолжително имало и дрес код на облекување до кој мора да се придржуваат сите 500 гости, денеска медиумите откриваат нови детали околу венчавката.

Имено откако во јавноста се откри дека жените треба да носат долги елегантни фустани, а мажите костими, денеска во јавноста проструи веста дека по венчавката младата Богдана ќе го земе презимето Ражнатовиќ, а за нејзиниот фустан ќе се погрижи познатиот дизајнер Бојан Петковиќ.

За фустанот на Цеца ќе се погрижи сопругата на Харис Џиновиќ која е долгогодишен креатор, додека бајрактар на свадбата ќе биде братучедот од Бања Лука, а со оглед дека ќе бидат почитувани традиционалните обичаи Вељко ќе гаѓа јаболко.

Сватовите во домот на Цеца ќе пристигнат во 11 часот, по што ќе се упата во Титл по невестата.

Црковното венчавање е закажано за во 16:30 часот, додека во 19 часот ќе се венчаат пред матичар во елитниот ресторан каде потоа е закажана свадбата на деценијата.

За доброто расположение на гостите ќе се погрижи Александра Младеновиќ и оркестарот на Аце Софронијевиќ.