четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 200
home Познати

Цеца не се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ – веднаш и најдоа замена: Оваа пејачка дојде на нејзино место (ФОТО)

Цеца не се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ – веднаш и најдоа замена: Оваа пејачка дојде на нејзино место (ФОТО)

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска не се појави на снимањето на новата емисија на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“.

Наместо неа, тука беше Ивана Петерс, која е асистент на Цеца во подготовките на нејзините кандидати за следниот круг.

Од продукцијата „Гранд“ се говореше дека Цеца била настината, и дека толку ја болело грлото што го изгубила гласот.

– Цеца навистина не можеше да дојде на снимање. Ја фатила тешка настинка. Дури и го изгубила гласот. Наместо тоа, додека не закрепне, Ивана Петерс ќе биде во жирито, изјавија продукцијата.

Инаку, Светлана Цеца Ражнатовиќ од емисија во емисија ја воодушевува публиката со своите коментари во „Ѕвездите на Гранд“.

Гледачите ја фалат за давање огромна поддршка на кандидатите и разбирање за нив.

Коронавирус