среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Цеца ја отвори душата, молчела две години за своите здравствени проблеми

Цеца ја отвори душата, молчела две години за своите здравствени проблеми

Цеца 2019 година ќе ја памети по многу работи. Го ожени својот син Вељко и направи свадба за која се уште се зборува, за Нова година настапуваше во еден познат белградски хотел, но познатата фолк-пејачка ги изненади сите кога неодамна си ја отвори душата и пред новинарите призна дека имала здравствени проблеми.

Имав здравствени проблеми. Последните две години кубурев со здравјето, но ништо страшно, на крај се’ се среди. Сега се е во ред, изјави неодамна пејачката.

Таа додаде дека во организмот и се задржувала водата и имала спор метаболизам, но и дека сега се’ е во ред.

Не е тоа нешто страшно, туку нешто што им се случува и на другите луѓе. Најважно е што сега сето тоа се среди.

Таа додаде и дека тоа е нешто што едноставно се случува и дека не се плашела, туку направила сé за да оздрави.

Покрај ова Цеца зборуваше и за Вељко, но и за снаата Богдана која е блажена состојба. Таа не заборави да истакне дека е пресреќна што наскоро ќе добијат принова во семејството, а Вељко неодамна откри дека неговата сопруга носи машко дете и дека ќе му го дадат името Жељко.