петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Познати

Цеца ја доби Карлеуша на суд

Цеца ја доби Карлеуша на суд

Основниот суд во Белград денес ја прогласи за невина Цеца Ражњатовиќ по приватната тужба што против неа ја поднесе Јелена Карлеуша. Карлеуша ја тужеше Ражнатовиќ затоа што на едно претходно судење Цеца ја нарекла Јелена нарцисоидна и психички лабилна личност.

Двете пејачки одамна не разговараат, а проблемите меѓу нив се зголемија кога Карлеуша изјави дека Цеца стои зад убиството на Зоран Давидовиќ – Канда. По оваа изјава, Цеца поднесе кривична пријава против неа.

За време на главниот претрес, на кој Карлеуша присуствуваше со нејзините адвокати, исто како и Цеца, судијата ја прашал Ражнатовиќ дали може да претпостави зошто Карлеуша изнела такви обвинувања против неа. Цеца изјавила дека само нарцисоидна и психички пореметена личност може да каже такво нешто во јавноста.

Нејзината изјава тогаш беше внесена во записникот, а Карлеуша подоцна поднесе приватна кривична тужба. На денешното судење судот ја ослободи Цеца од обвиненијата, но Карлеуша има право на жалба на пресудата.

Коронавирус