Новата сезона на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ не престанува да ја интригира јавноста. И овој пат дошло до жестока расправија меѓу Цеца Ражнатовиќ, Александар Милиќ Мили и Саша Поповиќ, поради што пејачката го напуштила студиото.
Имено, Саша Поповиќ при претставувањето на кандидатот жестоко и „удрил шлаканица’ на Цеца, на што таа не му останала должна и со еден коментар му покажала кај му е местото.
– Цеца види вака, секогаш сакаш да се*еш, Па не сакаш да се*еш. Се*и брат – и рекол Саша на Цеца.
– Навистина не можам да ви вратам со таа терминологија, бидејќи ова е семејно шоу – одговори таа.
– Се согласувам со Цеца, ова е семејно шоу и никој од семејството не го кажува – додаде Поповиќ, а во се се замеша и Мили.
– Знам каде пеев пред тебе, затоа престани да бидеш безобразен. Срам да ти е за твоите зборови, јас те создадов, немаше ни гитара. Еве ти човек, па нека го води жирито – налутено рекла Цеца и го напуштила жирито.