петок, 4. декември 2020. Вести денес: 27
home Познати

Булок предлага водител на Оскарите да биде случајно избран актер од публиката

Булок предлага водител на Оскарите да биде случајно избран актер од публиката

Се уште не е објавено кој ќе ја води церемонијата за доделување на Оскарите откако актерот Кевин Харт се повлече, по протестите за неговите стари хомофобични твитови.

Оскаровката Сандра Булок предлага по случаен избор да се повика еден актер од публиката, кој потоа би го читал текстот од телепромптер.

Таа наведува дека организаторите не треба да му објаснуваат на случајно избраниот актер што да прави туку да го стават пред телепромптер и да му кажат „Вие сте на ред, Вие сте актер, снајдете се“.

Булок наведува дека во таа улога може да се снајде секој од присутните актери.

Свечената церемонија на доделување на Оскарите ќе се одржи на 24 февруари 2019 година.

Коронавирус