среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 129
Состојбата е алармантна

НЕОФИЦИЈАЛНО: 641 новозаразен, 325 се од Скопје

home Познати

Брус Вилис ќе игра во три нови филма

Брус Вилис ќе игра во три нови филма
Bruce Willis attends the "Motherless Brooklyn" premiere during the 57th New York Film Festival at Alice Tully Hall on Friday, Oct. 11, 2019, in New York. (Photo by Charles Sykes/Invision/AP)

Американскиот актер Брус Вилис потпишал договор со студиото „Емет / Фурла Филмс“ (Emmett / Furla Films) и ќе учествува во три проекти.

Директорите на студиото Рандал Емет и Џорџ Фурла веќе имаат снимено 17 филмови со Вилис. Последниот од нив, Midnight in the Switchgrass, во кој, исто така, учествуваат Емили Хирш и Меган Фокс, започна да се снима во март. Снимањето траеше пет дена и беше прекинато поради карантинот.

Се очекува снимањата да продолжат на 29 јуни во Порторико. По нивното завршување, актерот ќе остане таму и ќе почне да работи на првиот од трите нови филмови, со наслов Out of Death. Сценарист е Бил Лоренс, а режисер Мајк Барнс. Заедно со главниот лик од „Умри машки“, во филмот ќе учествува Џејми Кинг. Во приказната, таа случајно е сведок на злосторство во планината, бега во шумата и се сретнува со шумарот (Брус Вилис), кој и помага.

Вториот проект е со наслов Run of the Hitman. Негови сценаристи се Стивен Сајрус Сефер и Били Џеј. Во филмот станува збор за платеник, кој се обидува да спречи корумпиран вработен, кој се обидува да ги контролира своите работодавци и да ја користи организацијата за свои цели.

Третиот филм, Killing Field, чиј сценарист е Рос Пикок, е за жена чиј спокоен живот на фармата завршува, кога еден полицаец ќе дојде кај неа со двајца опасни криминалци.

– Среќен сум што ја продолжуваме соработката со Брус Вилис преку снимањето на овие три филма, но и понатаму, истакна Рандал Емет. (МИА)

Коронавирус