среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 190
home Познати

БРИТНИ СПИРС ПОВТОРНО СЕ РАЗГОЛИ: Тврди дека не ги оперирала градите и дека не е бремена (ФОТО)

БРИТНИ СПИРС ПОВТОРНО СЕ РАЗГОЛИ: Тврди дека не ги оперирала градите и дека не е бремена (ФОТО)

Пејачката Бритни Спирс (39) повторно објави топлес фотографии. Во долгиот опис покрај фотографиите, таа се осврна на гласините дека има операција на градите и дека е бремена.

– Не, луѓе. Не сум имала операција на градите и не сум бремена. Имам гради на овие слики затоа што се најадов – напиша таа.

Таа им објасни на своите следбеници зошто објавува полуголи фотографии.

– Кога на жената и е топло и сака да соблече дел од облеката … Не, не зборувам за во стриптиз клуб или на настап. Само на практична основа, кога сте во вашиот автомобил и сфаќате дека носите маица со долги ракави среде лето. Реакцијата на секоја жена е да отстрани дел од облеката, па и јас така се чувствувам проклето подобро. Поради тоа мислите дека изгледате подобро – вели таа.

– Имав милион настапи каде што го правев тоа и, за мој ужас, понекогаш не изгледав толку одлично. Многу пати. Срамно е, но во имагинацијата се чувствував одлично – објасни таа, додавајќи дека настапите ја направија премногу свесна за нејзиното тело и дека тоа не е привлечно.

Бритни претпостави дека нејзините следбеници ќе ја прашаат зошто го покажува своето тело на социјалните мрежи во моментов, па и за тоа имаше подготвен одговор.

– Сакав да се видам себеси на полесен начин, гола, како што сум родена. Кога повторно ги гледам фотографиите што ги објавив, тоа е лудо. Гледањето себеси во својата најчиста форма ми докажува дека болката, солзите и тешките оптоварувања не се она што сум јас. Јас сум жена. Убава, чувствителна жена која треба да се погледне себеси во нејзината најчиста форма – објасни таа.

Заклучи дека нема да прави топлес фотографии до крајот на животот, тврдејќи дека потоа ќе и биде здодевно. Кога неодамна објави топлес фотографии, нејзините обожаватели си поиграа со зборови и напишаа „free Britney“ (ослободете ја Бритни).

– Признавам, коментарите „ослободете ја Бритни“ откако ја соблеков кошулата се навистина смешни. Кампањата започна со вашите неверојатни розови маици на кои пишува „free Britney“ пред три години. Но, движењето има подлабоко значење отколку што можете да замислите. Моите обожаватели се секогаш неверојатни и ве сакам сите – напиша таа на крајот.

Најнови вести

Локални избори 2021