среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 29
home Познати

Бритни Спирс најверојатно е бремена, а нејзиниот партнер е исплашен поради нејзината психичка состојба

Бритни Спирс најверојатно е бремена, а нејзиниот партнер е исплашен поради нејзината психичка состојба

38-годишната Бритни Спирс, наводно е повторно бремена и го очекува своето трето дете, кое ќе и биде прво со Сем Асгар, 26-годишниот фитнес тренер.

Анонимна личност блиска до парот открила дека Бритни изминативе години поминувала низ тежок период, но дека сега конечно има причина да биде среќна.

Бритни со фановите споделила дека и доцни месечниот циклус и дека чувствува како детето расте во стомакот. Почнала да купува розева гардероба за бебето и уверена е дека ќе добие ќерка, рекол изворот, признавајќи сепак дека ни Бритни не е сосема сигурна дека е бремена.

Наводно го избегнува одговорот на тоа прашање бидејќи не сака да биде разочарана ако тестот покаже дека не е во блажена состојба.

Од друга страна нејзиното момче е нервозно при помислата дека ќе стане татко. Тој се плаши дека раѓањето на детето би можело негативно да влијае на нејзината ментална состојба.

Најнови вести

Коронавирус