четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Британските медиуми одлучни: Ќе се бориме против тужбата на Меган Маркл и Хари

Британските медиуми одлучни: Ќе се бориме против тужбата на Меган Маркл и Хари

Магазинот „Мејли он Сандеј“, неделното издание на Дејли Меил соопшти дека жолчно ќе се бори против тужбата на сопругата на принцот Хари, војвотката од Сасекс Меган Маркл.

Меган поднесе тужба поради тоа што без дозвола било објавено едно од нејзините приватни писма.

Магазинот соопшти дека останува при објавениот текст, кој се однесува на објавување на писмо на Меган испратено до нејзиниот татко со кого таа не е во добри односи.

-Особено категорично демантираме дека писмото на војвотката е преправено на било каков начин, а со цел да се промени неговото значење, се наведува во соопштението на таблоидот.

Адвокатската канцеларија која ја застапува војвотката од Сасекс, поднела тужба против магазинот поради, како што се вели, кампања за објава на неточни текстови кои нанесуваат штета на нејзиниот углед.

Тужбата е поднесена пред Високиот суд против неделниот магазин и издавачката куќа поради злоупотреба на лични податоци, кршење на авторски права и Актот за заштита на податоци од 2018 година.

Принцот Хари вчера објави соопштение во кое остро ги напаѓа медиумите поради нивниот однос кон Меган. Тој посочува дека со Меган биле принудени на ваков чекор поради „немилосдрна пропаганда“.

-Ја изгубив мајка ми, а сега гледам како мојата сопруга станува жртва на истите моќни сили, пишува принцот Хари во соопштението.