вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 14
home Познати

Британските медиуми ја откриваат можната причина за самоубиството на фронтменот на Продиџи

Британските медиуми ја откриваат можната причина за самоубиството на фронтменот на Продиџи

Фронтменот на бендот Продиџи, Кит Флинт должел 9 милиони долари за данок во моментот кога почина на 49 години, објавија британските медиуми.

Богатството на пејачот е проценето на 13 милиони долари и сега две третини од истото се потрошени за подмирувањена долговите. Извори блиски до пејачот тврдат дека само неколку дена пред да изврши самоубиство, тој одлучил да ја продаде куќата за 1,5 милиони фунти.

Флинт поседувал и паб, кој лошо работел и кој во моментот на неговата смрт бил во мину половина милион.

Во едно интервју, пејачот изјавил дека „попрво би ги потрошил парите, отколку да ги чува за црни денови.“

-Се трошам сега и си реков на себе си дека ќе се убијам кога ќе потрошам буквално се, изјавил Флинт во една прилика.

Британските медиуми токму во оваа изјава ја гледаат причината за неговото самоубиство.

Коронавирус