петок, 24. септември 2021. Вести денес: 128
home Познати

Британски актер бил венчан 5 години, а тоа никој не го приметил

Британски актер бил венчан 5 години, а тоа никој не го приметил

Британскиот актер Дејвид Тјулис привлече големо внимание минатата недела кога сподели фотографија на која се бакнува со својата долгогодишна партнерка Хермин и ги разгоре гласините дека тајно се оженил со неа. Како што сега откри, тие всушност биле во брак веќе пет години!

Тоа беше толку чудно. Ја споменав сопругата на Инстаграм и одеднаш таблоидите пишуваат „Тој се ожени тајно“, како да сум масон – рече Тјулис за Observer New Review.

Со неа сум 10 години, а се венчавме пред пет години и цело време носев бурма. Фактот што не му реков на печатот не значи дека тоа беше тајна – вели актерот, за кој сето ова е многу забавно.

Тој откри дека поради природата на својата работа, често бил одделен од сопругата и дека биле навикнати да зборуваат преку екранот, па пандемијата многу ги нарушила нивните односи.

Инаку, Дејвид Тјулис, познат по улогата на учителот Лупин во филмовите Хари Потер, беше оженет со актерката Сара Шугармен во текот на 90-тите години на минатиот век, а со својата поранешна девојка и актерка Ана Фриел ја има 15-годишната ќерка Грејс.

Коронавирус