понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 179
home Познати

Британската кралица на традиционален појадок со три генерации на нејзини наследници

Британската кралица на традиционален појадок со три генерации на нејзини наследници

Бакингемската палата објави две официјални фотографии од кралицата која подготвува добротворен божиќен пудинг во друштво на три генерации нејзини наследници.

Тоа е британски обичај за Божиќ кој го вклучува целото семејство и пудингот се подготвува еден месец однапред.

Кралицата Елизабета Втора и нејзините тројца наследници – синот,  принцот Чарлс, внукот,  принц Вилијам и правнукот принцот Џорџ – се собраа пред украсено елка во Бакингамската палата и позираа за фотографијата со пудингот  што го подготвуваа за хуманитарни цели.

Подготовката на пудингот може да варира, а традицијата вклучува вметнување монети во него, што, наводно, започнало од кралицата Викторија за да им се заблагодари на готвачите, додека во некои семејства, членовите се менуваат додека го мешаат и секој си замислува една желба.

Кралицата Елизабета започна нова традиција оваа година, па пудингот, кој го мешаше со наследниците на круната, ќе биде дистрибуиран како дел од разни хуманитарни проекти поврзани со британските војници. Кралицата нема да ја заборави долгата традиција на делење подароци за своите вработени. Дури 1.500 вработени ќе добијат подарок од кралицата – Божиќно пудинг (купен, а не домашен) и честитка.

Коронавирус