четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 165
home Познати

Британска мисица пронајдена мртва во својот стан

Британска мисица пронајдена мртва во својот стан

Британската мисица и ријалити ѕвезда, Софи Градон е пронајдена мртва во својот стан, соопшти полицијата, додавајќи дека засега не постои ништо сомнително, но секако ќе се чекаат резултатите од обдукцијата.

Тажната вест за смртта на мисицата ја објави на Фејсбук нејзиното момче Арон Армстронг.

-Никогаш нема да ја заборавам таа насмевка. Те сакам многу, ти си мојот свет, засекогаш, напиша Арон.

Американските медиуми пишуваат дека веста за трагичниот крај на мисицата стигнала само неколку месеци откако открила дека се бори со депресија.

30-годишната Градон со својата слава се стекна во 2010. година кога победи на натпреварувањето Мис Велика Британија.

Таа се реши да влезе и во најпопуларната ријалити програма во Британија, Love Island  каде оствари одлични резултати, а јавноста многу ја засака.

 

 

Коронавирус