сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 46
home Познати

Британија зачудена: Нов скандал на Меган Маркл

Британија зачудена: Нов скандал на Меган Маркл

Војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари, Меган Маркл по низата скандали поврзани со прекршувањето на протоколите на кралското семејство, се најде на удар на нова критика.

Имено, како што пренесува „Сан“, Меган ја ангажирала холивудската компанија “Sunshine Sacks”, која се занимава со поправување на имиџот на јавните личности и управување на перцепцијата кај луѓето во однос на нив.

Војвотката ја направила грешката кога наводно тајно ја ангажирала, зад грбот на советниците од палатата на кои не им се допаѓа работата на компанијата поради „валкани трикови“ за воспоставување на имиџот на клиентите.

Извршните директори на компанијата ја претставуваа Меган додека таа глумеше во популарната серија „Suits“, а беа со неа и за време на сите инциденти кои ја следат.

-Изнајмување на холивудска фирма за ПР додека си член на кралско семејство во најмала рака е неодговорно. Повозрасните вработени во палатата останаа збунети за време на овие неколку месеви бидејќи парот ги игнорира советите на својот професионален тим и слуша некои „аутсајдери“ од Холивуд, вели извор за Сан.

Холивудската компанија ги застапува Бен Афлек, Аеросмит, Леонардо Ди Каприо, Бон Џови, Џастин Тимберлејк, Џеј Ло, Снуп Дог и Натали Портман, а биле задолжени и за спасување на имиџот на Мајкл Џексон во времето кога беше обвинет за педофилија.