четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 95
home Познати

Братот на Бред Пит е копија на него – тој е вистински заводник, но и „тежок“ колку и славниот актер иако има друга професија (ФОТО)

Братот на Бред Пит е копија на него – тој е вистински заводник, но и „тежок“ колку и славниот актер иако има друга професија (ФОТО)

Бред Пит низ целиот свет е познат не само како одличен актер, туку и како еден од најзгодните луѓе на планетата. Но, дали знаевте дека има (речиси) подеднакво згоден брат?

Даглас Пит е три години помладиот брат на Бред, а неговиот успех го најде далеку од центарот на вниманието. Тој е бизнисмен со недвижнини, и навистина нема причина да бидеме љубоморни на неговиот можеби попознат, но никако поуспешен брат.

Набргу по завршувањето на средното училиште, основал компјутерска компанија, со која постигнал голем успех. Тој ја продаде во 2013 година, а следната година основаше компанија што ја нарече „Pitt Development Group“ која се занимава со недвижен имот. Четири години подоцна, тој ја купил својата поранешна компјутерска компанија назад.

„Очигледно сум сентиментален за нешто што го создадов од ништо пред 26 години“, рече тој на прашањето зошто го направил тоа.

Двете негови компании работат одлично, а Даг се проценува дека е „тежок“ на околу 240 милиони долари. За споредба, богатството на Бред се проценува на 300 милиони долари.

Исто така, Даг е, исто како Бред, голем филантроп и ги користи своите пари за да им помага на другите. Ја основал непрофитната организација Care to Learn, која им помага на сиромашните деца.

Тој е член на одборот на World Serve International, компанија која обезбеди чиста вода за милиони луѓе во Африка, а во 2010 година беше именуван за амбасадор на добра волја во Танзанија.

За разлика од Бред кој имал потурбулентни врски, Даг е во среќен брак 30 години и има три деца.

Најнови вести

Коронавирус