сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 86
home Познати

Брановите буквално го проголтаа најпознатиот музички бенд во Индонезија: По цунамито член на групата загина, другите се исчезнати (ВИДЕО)

Брановите буквално го проголтаа најпознатиот музички бенд во Индонезија: По цунамито член на групата загина, другите се исчезнати (ВИДЕО)

Членовите на индонезискиот бенд „Seventeen“ заедно со публиката се меѓу исчезнатите луѓе по кои се трага откако во нив удри цунамито кое ја погоди Индонезија вчера доцна вечерта.

Цунамито било предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау, а во моментот на несреќата бендот свирел во едно летно одморалиште на западот на Јава.

Драматичното видео буквално прикажува како водата ги проголтува членовите на бендот и дел од публиката која панично бара помош од брановите.

Главниот пејач на групата објави видео на Инстаграм на кое напиша дека еден од членовите на групата загинал и дека останатите членови заедно со неговата сопруга која е актерка се исчезнати.

Инаку групата „Seventeen“ е една од најпопуларните во Индонезија и има над еден милион фанови на социјалните мрежи.

Коронавирус