петок, 14. мај 2021. Вести денес: 55
home Познати

Браќата конечно разговарале: По погребот на принцот Филип, Хари најверојатно останува во Лондон

Браќата конечно разговарале: По погребот на принцот Филип, Хари најверојатно останува во Лондон

Принцовите Чарлс, Вилијам и Хари по погребот на принцот Филип кој се одржа во саботата, два часа разговарале со дворецот Виндзор, пишуваат британските медиуми.

Според нив, Чарлс имал приватен разговор со своите скарани синови, а упатените велат дека тројцата се сретнале далеку од очите на камерите по погребната церемонија.

Се шпекулира дека Хари ќе остане во Лондон до среда кога кралицата Елизабета Втора го одбележува својот 95 роденден. Според пишувањата на медиумите Хари го одложил враќањето во Америка, а летот останал отворен.

Воедно тој истакнал дека на Вилијам ќе му се придружи во јули на откривањето на спомен кипот на принцезата Дајана, нивната мајка.

За потетување ова е прва средба на браќата по интервјуто на Хари и Меган кај Опра Винфри. Меѓу другото, во разговорот Меган во обвини кралското семејство за расизам, а Хари посочи дека неговите татко и брат се заробени во системот од кој немаат можност да излезат.

Коронавирус