петок, 25. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Борис Новковиќ демантира дека се разведува, ова е вистината за односот со убавата Ирис

Борис Новковиќ демантира дека се разведува, ова е вистината за односот со убавата Ирис

По написите на медиумите дека се разведува од неговата сопруга Ирис Волф, која е 25 години помлада, се огласи и пејачот Борис Новковиќ.

Тој на Фејсбук објасни дека не се разведува од сопругата, туку дека тие се обидуваат да решат сè на свој начин.

Тој посочи дека разбира дека неговата работа е јавна, но тоа не значи дека треба нечесно да биде третиран и оти неговата помлада сопруга може тоа емотивно тешко да го прими и оти тоа може дополнително да ја дестабилизира нивната моментална дестабилизирана врска.

„Глорија,хр“ пишува дека Борис и Ирис откриле дека повеќе не се заедно како двојка, но ќе продолжат да функционираат како пријатели и родители. Новковиќ и Волф застанаа пред олтарот пред година и пол, а набргу потоа ја добија ќерката Си.

Борис Новковиќ веќе има три брака зад себе – оној со Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Луција Матиќ и Инес Катиќ, а има и два сина. Ирис работи како модел.

Коронавирус