петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Познати

Борис Џонсон по седми пат стана татко

Борис Џонсон по седми пат стана татко

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери го објавија раѓањето на нивното второ дете. Двојката сега доби ќерка.

-Премиерот и г-ѓа Џонсон со задоволство го објавуваат раѓањето на здраво девојче во болница во Лондон. И мајката и ќерката се во многу добра состојба. Двојката сака да му се заблагодари на родилиштето за сета грижа и поддршка, се наведува во соопштението.

Девојчето е седмо дете на премиерот, што тој го потврди дури во септември по многу гласини за тоа колку деца има. Со поранешната сопруга Марина Вилер има четири деца, а едно дете од врската со Хелен Мекинтајер. Со сегашната сопруга има две деца.

Коронавирус