сабота, 6. август 2022. Вести денес: 98
home Познати

Борба за живот: Најпознатата учесничка во реалните шоуа минува низ пекол – новите информации од Србија се загрижувачки

Борба за живот: Најпознатата учесничка во реалните шоуа минува низ пекол – новите информации од Србија се загрижувачки

Миљана Кулиќ, ѕвездата на балканските реални шоуа, денеска итно е префрлена од Ниш во КЦ Белград, каде е на одделението за интензивна нега и е приклучена на кислород.

Нејзината мајка Марија Кулиќ и нејзиното момче Ненад Мачановиќ во солзи го напуштија Клиничкиот центар каде цело време беа со Миљана, а потоа дадоа изјава за Pink.rs и открија дека Кулиќ ги направила тестовите и дека резултатите се чекаат до утре.

Сепак, како што пишуваат тамошните медиуми, на Миљана и е потребна крв, итно и е потребна трансфузија, бидејќи губи енормно количество крв.

Задругарката Миљана Кулиќ последните денови ја води најтешката битка во животот. Агонијата започна по операцијата за намалување на желудникот која ја направи во Турција.

Потоа состојбата се искомплицира и мораше докторите да и ја отстранат слезината.

-Компликации и влошување на здравствената состојба на најконтроверзната задругарка се случија по лошо извршената операција на желудникот во Турција, кога лекарите и ја оштетија слезината при редукција на желудникот. Силните болки кои ги претрпела биле последица на пукањето на слезината, а операцијата траела со часови. Поради сето ова семејството на Кулиќ се надеваат на најдоброто, но решиле да ја тужат клиниката во Турција, пред се од морални причини, сега не размислуваат за наплата на отштета бидејќи се очајни, открива извор за Реалити плус.

Коронавирус