четврток, 5. август 2021. Вести денес: 135
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Познати

Болницата каде се породи Меган е сон на секоја трудница – сепак фановите кога слушнаа една работа се разочараа од Хари и Меган

Болницата каде се породи Меган е сон на секоја трудница – сепак фановите кога слушнаа една работа се разочараа од Хари и Меган

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (39) го роди своето второ дете, девојче во петокот, на 4 јуни, и се вика Лилибет „Лили“, Дијана Маунтбатен-Виндзор.

Меган ja роди ќеркаta во Калифорнија, каде живее откако таа го напушти кралското семејство минатата година. Странските медиуми исто така јавуваат дека мајката и ќерката се во добра здравствена состојба.

Кралската двојка ја објави веста за бременоста пред неколку месеци, а во шокантно интервју со Опра Винфри (67) откри дека станува збор за девојче.

Имено, тоа беше прв пат во историјата да се објави полот на кралско бебе пред раѓањето, во една телевизиска емисија.

Водителката Опра ги праша во таа пригода „дали се готови сега“, а Меган и принцот Хари (36) одговорија дека две деца им се доволни и не планираат трето, по што по ова фановите буквално низ целиот свет се разочараа и растажија од парот, бидејќи сакаат што повеќе тие да имаат деца.

Инаку Меган се породи во приватната болница „Санта Барбара“  која наликува повеќе на хотел или на дом отколку на болница.

Секоја соба има WiFi видео компјутер и тастатура, како и мени за нарачка на храна, но освен тоа во секој ходник има и мини кујна за да можат да се послужат трудниците и најблиските со чај или грисини.

Секоја соба има адаптирани кревети со перници, лулка како и маса со столчиња.

Постојат и тераси како и топли кади за хидротерапија.

Коронавирус