понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Познати

БОЛКАТА СЕ УШТЕ ИСТА: Вака денес изгледа семејството на Борис Трајковски, ќерката му беше слаба страна, со синот играше фудбал (ФОТО)

Иако македонската јавност за нив дозна прерано додека се уште беа мали, денес тие се далеку од очите од јавноста но успешни во својата професија.
БОЛКАТА СЕ УШТЕ ИСТА: Вака денес изгледа семејството на Борис Трајковски, ќерката му беше слаба страна, со синот играше фудбал (ФОТО)

Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски кој животот трагично го загуби во хеликоптерска несреќа во близина на Мостар БиХ.

Трагедијата ја зави Македонија во црно, а светот го остави во неверување од веста дека тој повеќе не е жив.

Трајковски зад себе ја остави сопругата Вилма и децата Сара и Стефан.

Иако македонската јавност за нив дозна прерано додека се уште беа мали, денес тие се далеку од очите од јавноста но успешни во својата професија.

Неговата ќерка денеска е горда на својот татко и живее во Њујорк од каде често објавува фотографии.

Додека неодамна се појави фотографија од неговиот син Стефан како игра фудбал додека бил мал со својот татко на фудбалско игралиште во Струмица.

Неговата сопруга и поранешната прва дама на Македонија од 1999-та до 2004-та година Вилма Трајковска по неговата смрт исто така се повлече од јавноста, но не и од зачувување и негувањето на ликот и делото на Борис Трајковски.

Таа е основач на меѓународната фондација „Борис Трајковски“, како и основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во 2001-та година со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството.

Весникот „Нова Македонија“, една година по несреќата во 2005-та година направи интервју со Вилма и тоа беше нејзино прво обраќање во јавноста по трагедијата.

Претседателот Трајковски ја читал Библијата и ноќта пред да замине за Мостар.

– Три дена по авионската несреќа Сара ја видела Библијата на масичката во спалната. Се сетив дека Борис ја читаше пред да заспие. Ќерката дојде плачејќи и ми покажа дека татко ѝ последната ноќ од својот живот го читал и го обележил шеесет и четвртиот псалм. Во тој псалм пишува: „Послушај го, Боже, гласот на мојата жалба, чувај ми го животот од страшен непријател. Штити ме од множество лукави, скриј ме од бесот на злодејците, кои ги острат јазиците како мечеви; исфрлаат отровни зборови како стрели за да го ранат потајно невиниот, за да го ранат одненадеж, не плашејќи се од ништо. Подготвени се за пакосно дело, смислувајќи како да постават крадум стапици, и зборуваат: кој ќе нѐ види“. Псалмот продолжува и понатаму, но и дотука е доволно за да се види колку сето тоа се совпаѓаше со она што се случи во близина на Мостар.

Според Вилма, последните две-три недели од животот, а особено последните неколку дена, претседателот Трајковски бил некако отсутен, загрижен и тажен, без неговата препознатлива насмевка.

-Неколкупати забележав дека гледа во една точка и ништо не зборува, чиниш не слуша. На лицето му се гледаше загриженост, иако се трудеше тоа да го скрие од нас. вторникот вечерта на 24 февруари ми се јави од кабинетот, каде што често остануваше до доцна во ноќта, за да ме праша дали би сакала да одам со него на карневалот во Струмица. Се извини што заборавил порано да ми каже. По гласот почувствував дека е преморен. За жал, јас веќе имав договорено некои обврски со синот, не можев да ги откажам, во Струмица беше Сара со другарките. Ноќта, влегувајќи во градот, веднаш ѝ се јавил по телефон. Ја прашал каде е, сакал да ја види. Таа му рекла дека е далеку од свечената ложа, дека има многу народ и дека ќе му треба многу време за да се пробие со обезбедувањето до неа. Не успеале да се видат.

По завршувањето на карневалот, Борис со преостанатите гости заминал на прием во хотелот „Сириус“. По извесно време, одеднаш станал и рекол дека ќе оди дома, да го види татко си. Луѓето од обезбедувањето биле збунети; било доцна. Набрзо стигнале дома; Борис го разбудил татко си и му рекол: „Тате, дојдов само да те видам“. Потоа малку поразговарале, го гушнал и си заминал. Бог знае зошто токму таа ноќ почувствувал потреба да го види.

-Ноќта во средата, ноќта пред утрото предвидено за полетување за Мостар, остана на работа до 22.30 часот. Кога си дојде дома, децата веќе спиеја. Тој речиси до полноќ разговараше по телефон. Не знам колку беше часот кога Сара се разбуди и се симна долу. Таа вели дека засекогаш ќе ја помни последната слика на татко си: тој во бела кошула и вратоврска седи крај масичката со телефонот и разговара.  го гушна татко си, го погледна и му рече: „Тато, ти многу се промени; ми изгледаш остарено“. Борис ме погледна мене, како да сакаше да каже: „Зарем навистина сум остарен?“. Имаше само 48 години. Сара и сега многу тагува; не може да сфати зошто му го кажала токму тоа и токму во последната ноќ од неговиот живот.

Целото интервју Нова Македонија со Вилма Трајковска го направи во 2005 година.