понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 152
home Познати

Богдана го израдува Вељко за првата годишнина од бракот- откако ќе го види ова Цеца ќе биде најсреќна свекрва на светот (ФОТО)

Богдана го израдува Вељко за првата годишнина од бракот- откако ќе го види ова Цеца ќе биде најсреќна свекрва на светот (ФОТО)

Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана денес ја прославуваат првата годишнина од брак, а по тој повод младиот спортист се пофали со емотивна честитка која синоќа ја доби од својата поубава половина.

Богдана Родиќ одлучи, како вистинска жена, на својот сопруг да му подготви вкусен оброк. Му подготви традиционално рижото со месо, а пораката која стоеше крај ова вкусно јадење ги воодушеви сите.

Бидејќи денес се навршува една година откако застанаа на „лудиот камен“, Богдана посака тоа да го одбележи на несекојдневен начин, па на својот драг маж му остави порака, која гласи:

„Извини што доцнам. Те сакам.“

Вељко веднаш се пофали на „Инстаграм“ колку добра и внимателна сопруга има, а честитките на првата годишнина не престанаа да пристигнуваат.

Фановите се шегуваат и дека Цеца е најсреќна свекрва, бидејќи нејзиниот син нема никогаш да остане гладен покрај ваква снаа.

Коронавирус