Карантинот знае да биде и позитивен, особено кога ќе почнеме да ‘копаме’ по старите фиоки и архиви.
Многумина од нас веќе пронајдоа некои заборавени предмети, фотографии, спомени од некое убаво време.
Еден од нив е и музичарот Роберт Билбилов, кој носталгично се присети на убавите денови поминати со неговите колеги.
Имено, Роберт на Инстаграм-стори сподели досега необјавена фотографија со Нина Јанева и покојниот колега, Влатко Илиевски, од венчавката на Тамара Тодевска.
„Со Влатче и Нина кај Тамара на свадба… Фалиш Влатче, таа твоја енергија“, напиша Билбилов на фотографијата.
Фотографијата не можеше да остане незабележана, со оглед на тоа дека на неа е и Илиевски, кој и во овие тешки денови не е заборавен од неговите пријатели.