среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Познати

Без силикони, ботокс и филери: Вака изгледаше Хелена Роза на својата прва насловна страница пред 23 години(фото)

Без силикони, ботокс и филери: Вака изгледаше Хелена Роза на својата прва насловна страница пред 23 години(фото)

Поранешната ТВ водителка Хелена Роза иако одамна не е активна во јавниот живот во Македонија и неколку години со семејството живее во Нов Зеланд, најзината актуелност во медиумите на домашен терен никогаш не стивнала.

За Хелена често можеме да прочитаме околу нејзините активности во Нов Зеланд, за синчето Тиан, ќерката Кјара, за сопругот Игор… Социјалните мрежи се мостот на комуникацијата, а Хелена е особено активна на Фејсбук каде често знае да сподели интересни моменти од нејзиното секојдневие и приватност.

Во месец август годинава таа наполни 43 години, за кои вели дека нема никакви комплекси да ги открие и гордо се носи со бројот. Овој пат на нејзиниот профил се најде стара фотографија од нејзината младост, односно насловна страница направена за списанието Екран пред 23 години. А да те има во „Екран“, значеше дека си познат и славен или во најмала рака талентиран и надежен уметник.

Хелена појасни дека тоа е нејзината прва насловна страница каде позира качена на мотор во сино мини фустанче од кое како и секогаш провокативна и бујна ја буди фантазијата. Некогаш природната женска убавина беше врвот која заслужено ги полнеше насловните, за разлика од денес кога естетските корекции и трендовите на истите, направија се повеќе девојки и жени да личат една на друга.

-Насловна и фотки без фотошоп, без филтри, без врски, без политика, без силикони, ботокс и филери. Среќен 50-ти роденден Екран, напиша Хелена во описот на објавата.

Коментарите очекувано се редеа, па многумина се согласија дека природната убавина и денес е непроценлива, иако се наметнати некои други вредности на моделирани убавици.

Коронавирус