понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 9
home Познати

„Бев најзгодна во Холивуд, а потоа животот ми висеше на конец и сите ме отфрлија“

„Бев најзгодна во Холивуд, а потоа животот ми висеше на конец и сите ме отфрлија“

Шерон Стоун е една од најпознатите, но и најубави актерку во Холивуд.

Таа е жана која на многумина им е инспирација во однос на тоа како да им пркоси на големите животни предизвици.

Во 2001-ва година, кога Шерон имаше 43 години и го живееше врвот во својата кариера, доживеа тежок мозочен удар од кој едвај се опорави.

Ова е познат детаљ од нејзиниот живот, но до сега не беше познато како убавата и талентирана актерка била третирана во Холивуд по овие нејзини здравствени проблеми.

Славната дива одлучи да проговори за тешката вистина која кажува колку е суров шоубизнисот.

-Луѓето ме третираа брутално нељубезно. Од другите жени во оваа професија до судијката која беше главна во мојот случај за старателство над детето.  Мислам дека никој не сфаќа колку мозочниот удар е опасен за жените и што сè е потребно за побрзо заздравување. Мене ми требаа седум години за целосно да заздравам, истакна 61-годишната актерка.

Одеднаш преку ноќ стана заборавена, а нејзиното место на јавната сцена изгледало како засекогаш дека ќе биде избришано.

Заедно со сето тоа, очекувано, се појавиле финансиските проблеми.

-Морав да подигнам хипотека на куќата. Изгубив се, останав без своето место во шоубизнисот. Јас бев најзгодната, најбараната актерка, “врела“ роба. Во тоа време јас и принцезата Дајана бевме најпопуларни, а тогаш таа умре, а јас доживеав мозочен удар. Двете останавме заборавени, раскажа холивудската ѕвезда.