вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 157
home Познати

Беше синот на Рос во „Пријатели“, денес е млад заводник и успешен актер (ФОТО)

Беше синот на Рос во „Пријатели“, денес е млад заводник и успешен актер (ФОТО)

Кол Спраус чекори во филмската индустрија од мали нозе, но во изминатите две години крева голема прашина околу себе со улогата во хит серијата „Ривердејл“.

26-годишниот актер и неговиот брат близнак Дилан започнаа да глумат уште на 8-месечна возраст по предлог на нивната баба. Како деца, во голем дел од филмовите, браќата глумеа заедно, но нивните патишта се разделија откако пораснаа.

Во периодот од 2000 до 2002 година, Кол беше дел од 7 епизоди од „Пријатели“, како синот на Рос, Бен.

Кол им го освои срцето на многу тинејџерки откако доби една од главните улоги во „Ривердејл“.

„Ривердејл“ е тинејџерска драма снимена според стрипот „Арчи“ во продукција на Warner Bros.

Коронавирус