петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 157
home Познати

Беше оженет со друга, а 10 години живееше со Ана Бекута: Ова е љубовната приказна за Милутин Мркоњиќ

Беше оженет со друга, а 10 години живееше со Ана Бекута: Ова е љубовната приказна за Милутин Мркоњиќ

Вчера почина поранешниот српски министер Милутин Мркоњиќ на 79-годишна возраст, чиј живот последната деценија беше одбележен по љубовта со пејачката Ана Бекута. Милутин никогаш официјално не се разведе од Даша, позната адвокатка и судија со која беше во брак повеќе од триесет години.

Останаа во добри односи, па дури и Даша и Бекута одлично се согласуваа, пишуваат српските медиуми.

-Никогаш не сум била љубоморна, немало потреба за тоа. Ние двајца не калкулираме во љубовта. Се однесуваме онака како што се чувствуваме. Ни одговара тоа што постојано сме заедно. Се негуваме взаемно, колку што е тоа возможно на овие години, искрено раскажа Бекута во една прилика.

Пејачката во едно интервју откри и како започнала нивната романса.

-Најубавите работи се случуваат кога најмалку се надеваме. Јас едноставно се препуштив и си реков: Бог нека ми го испрати она што мисли дека ми е потребно. Не треба да губиме надеж и вистинскиот човек се појавува тогаш кога сте подготвени за тоа. Јас навистина се изначекав, првата половина од мојот живот ми помина во барање. Кога се запознавме, јас имав 52, а тој речиси 70 години. Но, да се сретневме порано, можеби немаше вака да се препознаеме. На дваесет и на триесет не знаеме баш што е всушност љубовта. Тоа го сфаќаме подоцна, кога со мудрост и со искуство некои вредности ќе се наредат на своето место, појасни таа.

Мркоњиќ и Бекута најмногу уживаа слободното време да го поминуваат во заедничкиот дом.

Бекута тврдеше дека тие и по скоро десет години заедно се гледаат со иста жар.

-Жарта се уште е присутна, дури мислам и поголема, како што поминуваат годините. Сега многу подобро се познаваме, опуштени сме еден со друг, се шегуваме без лутење и во друштво сме омилени токму поради тоа. Луѓето сакаат да не видат расположени, а посебно Милутин, кој е многу духовит па умее да се шегува и на своја и на наша сметка. Уживаме еден во друг и така да остане, истакна во една прилика Бекута.

 

Коронавирус