сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 71
home Познати

Беше голема ѕвезда во Југославија: Почина на 42 години, на денот на нејзината смрт се случило нешто неверојатно

Беше голема ѕвезда во Југославија: Почина на 42 години, на денот на нејзината смрт се случило нешто неверојатно

Ѓурѓица Барловиќ беше првата пејачка на култниот бенд „Нови фосили“ која важеше за една од најомлените на просторот на тогашната Југославија.

Првиот настап го имала на 13 години на детски фестивал, а прв пат се појавила пред камери во белгадската забавна емисија “Образ уз образ” 1974 година кога настапила со песната “Кад би био само мој”.

Ѓурѓица запишала Средно градежно улилиште, меѓутоа знаела дека музиката е таа со која ќе се занимава.

– Ги спакував куферите и им реков на родителите дека заминувам. Да знаев што ме чека сигурно никогаш не би мрднала од Сплит, открила во едно интервју.

Во 1982-ра година Ѓурѓица одлучува да ја напушти групата за да се посвети на семејството, а на нејзино место доаѓа Сања Долежал.

– Ѓурѓица замина од бендот бидејќи сакаше да го среди својот семеен живот, работевме со урнебесно темпо. Таа беше родена да биде мајка, сопруга, а од друга страна беше, исто така врвна пеачка… и тоа каква!

Ѓурѓица се омажила за стоматологот Брацо, со кој добиле два сина Хрвоје и Борн. Пред да одлучи да ја напушти групата, пеела со “стомак до заби“, несакајќи да се откаже од сцената бидејќи музиката била нејзин живот.

Почина како последица на акутен инфаркт во интерна болница во Задар, во 42 година, оставјќи зад себе два сина и сопруг.

– Беше цврста и со стабилно здравје. Затоа ме изненади нејзината прерана смрт. Тој ден кога почина, верувале или не, сите часовници во мојот стан застанаа. Подоцна разбрав за тажната вест, рекол Рајко Дујмиќ.