сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 50
home Познати

Беше една од најпознатите и најпосакувани актерки во Југославија: Денес живее со својата трагедија, па проговори за големата загуба

Беше една од најпознатите и најпосакувани актерки во Југославија: Денес живее со својата трагедија, па проговори за големата загуба

Една од најпознатите актерки од поранешна Југославија, Неда Арнериќ пред еден месец го загуби сопругот, и само на најблиските пријатели им се доверила за оваа нејзина лична трагедија.

Доктор Милорад Мештеровиќ, сопруот на Неда, на средината на декември ја загуби битката со долгата и тешка болест. Докторот и актерката која меѓу другите улоги ја одигра и главната во филмот „Исправи се Делфина“ на режиерот Александар Ѓурчинов од 1977 година, беа во љубов цели 35 години.

-Вистина е. Мојот сопруг почина. Го загубив саканиот по 35 години. Тагата која ја чувствувам е непопислива, изјавила Арнериќ низ солзи за хрватскиот портал „24 сата“.

Мештеровиќ во својата кариера стекна светски углед затоа што беше претседател на Светското здружение на на стручњаците во максиофацијалната хирургија.

-Беше тоа септември во 1981 година. Милорад дојде да гледа една моја претстава. По претставата бевме на вечера, се зближивме и почнавме да живееме заедно по само неколку дена. Имав среќа. Пред тоа, пробував сешто, затоа што не треба да се врзуваш за некои луѓе кои ги знаеме од училиште на пример. Имав пријателки кои се омажиле за своите дечковци од училиште, и сѐ што имале е тој, еден маж, раскажала Неда.

„Тој на мене ми е баш сѐ. Брат, маж, татко, љубовник и пријател. Толку сум среќна што истуркавме заедно. Имаше разни чудесии, не сме ние светци, но сме најдобри пријатели, е дел од љубовната приказна на Арнериќ која ја расакажала пред смртта на сопругот. Таа често се шегуваше дека не го памети денот на нивната венчавка,а  место годишнината од бракот, го слават денот кога се запознале.

Неда Арнериќ ја одигра главната во филмот „Исправи се Делфина“ на режиерот Александар Ѓурчинов од 1977 година.

„ Сфатив дека тој е толку прекрасен, добар, чесен, светски човек кој многу патува, кој секогаш ќе ме води и ќе биде чекор пред мене“, рекла Неда за својот сакан.

Таа почна да се знимава со актерство уште во основно училиште. Трилогијата „Сон“, „Утро“ и „Ден“ ја сними на 13 години поради што морала да отсуствува од училиште. На Акедемија, се запишала за само 16 години. Веќе на 17 изигра култни улоги, меѓу кои онаа во филмоот „Сутјеска“, а нешто подоцна беше и во улогата на Рут во серијата „Отпишани“.

Коронавирус