вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 163
home Познати

Белградсаката старлета Тијана – Ајфон издава автобиографија: „На дел од познатите веќе им се тресат гаќите“ (ФОТО)

Белградсаката старлета Тијана – Ајфон издава автобиографија: „На дел од познатите веќе им се тресат гаќите“ (ФОТО)

Српската старлета Тијана – Ајфон реши да ги открие сите тајни на нејзиниот бурен љубовен живот, така што во нејзиното книжевно деби, нема да бидат поштедени ниту познатите мажи кои ги иневерувале своите жени.

„Тијана наголемо  ја бележи нејзината автобиографија! Таа со години се движи меѓу ВИП личност и знае многу за нив. Ми рече дека ќе ги открие своите тајни за нив во книгата. Ми раскажуваше за кого се’ се работи, кој е најдобриот љубовник меѓу нив. Тоа е многу познат човек. Таа нема да го открие неговото име, но тој ќе го опише детално, така што ќе им биде јасно на сите кој е тој “ – вели изворот, близок до старлетата, кој инсистирал на анонимност.

Интервјуираниот е убеден дека по објавувањето на книгата на Тијана, ќе се растурат многу бракови.

„Тијана ќе пишува и за човек кој има проблеми со потенцијата, но и за тоа кој е агресивен во креветот. Таа ми спомна дека еден познат човек, за кој сите мислат дека е голем заводник, всушност има мал полов орган. Многу пејачки веројатно ќе бидат заинтересирани за тоа, кои пејачи сакаат момчиња,  а се во брак. Ќе се тресе јавната сцена, сигурен сум! Не би ме изненадило ако некои и се иселат од Србија“ – вели изворот.

„Кој се’ не пишува  денес, па зошто да не и јас! Знам повеќе тајни од сите, како и да е, и сигурн сум дека би било интересно за луѓето да ја прочитаат мојата автобиографија. Всушност, убедена сум дека мојата книга ќе биде најчитана и најпродавана на следниот саем“, вели Ајфонка, додавајќи дека заради нејзината книга, луѓето ќе го променат мислењето за многу јавни личности.

„На дел од познатите веќе им се тресат гаќите! Сакам луѓето да видат дека некои sвезди не се толку прекрасни како што се претставуваат. Луѓето не се ни свесни кого всушност сакаат! Има многу изопачени мозоци, лудаци, гребатори, кутри и забегани… На оние што мене ми згрешиле, ќе им посветам посебно внимание и повеќе страници во книгата. Време е да престанеме да се лажеме. За нас старлетите секогаш велат дека сме најлоши, а ние всушност сме невини во однос на некои од нив. Постојат познати пејачи, лекари и други естрадни  професионалци кои се полоши од сите старлети заедно“ – заклучува Тијана.

Коронавирус