понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 14
home Познати

Беквалац првпат искрено за насилството и разводот, открива детали за судскиот процес и злоставувањето

Беквалац првпат искрено за насилството и разводот, открива детали за судскиот процес и злоставувањето

Наташа Беквалац тврди дека Лука Лазукиќ ја злоставувал од првиот ден во бракот, 25 септември 2017 година. Таа прозборе за тортурата која ја трпела до 14 април 2018 година, кога тогашниот сопруг крвнички ја претепал.

Ова е нејзината прва исповед по судското официјализирање на разводот, кое го пренесуваат српските медиуми.

-Секоја жена пред да стапи во брак, покрај љубовта, треба добро да го запознае својот партнер. Јас бев занесена и заљубена. Веднаш по свадбата почна мојот пекол. Трпев бидејќи има ризична бременост и се посветив на тоа да родам здраво девојче, додека проблемите ги ставав под тепих, што подоцна кулминираше.

Уште имам лошо чувство во стомакот кога ќе се сетам на се’. Страшно психичко и физичко малтретирање. Како и секоја жртва на насилство, ја изгубив самодовербата и бев отсечена од семејството и пријателите. Останав сама.

Тој мене не ме удри, тој ме претепа. Тоа беше крај, бев понижена, но за мене од ударот беше полош судскиот процес, бидејќи во судница се чувствував дека јас сум виновна и дека ситуацијата и обратна, особено кога ме прашаа „Мислите ли дека е во ред што наеднаш сте го разбудиле сопругот?“, се обидуваа да ме направат виновна, а јас почнав да верувам и дека можеби сум, но докажав дека не сум бидејќи експерти ги вештачеа моите повреди и докажаа дека не сум можела тоа самата на себе да си го направам.

Хиперсензитивна сум, па побарав помош од психотерапевт за да не бидам трајно емотивно оштетена. Со месеци спиев само по 2-3 часа, се плашев да заспијам, имав кошамари, се будев испотена, исцрпена.

Најважно ми е дека децата имаат добар однос со татковците. Хана го има, се надевам и Каја, открива Наташа во својата исповед.