понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Познати

Бекамови се расправале во ресторан во Кан, интервенирало обезбедувањето

Бекамови се расправале во ресторан во Кан, интервенирало обезбедувањето

Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин и неговата девојка Хана Крос направиле скандал во еден елитен ресторан за време на Филмскиот фестивал во Кан.

Според написите во странските медиуми, прво порачале пијалаци, а потоа почнале жестоко да се расправаат. Врескале еден на друг, се навредувале, а во еден миг, Хана го зела мобилниот телефон и му завртела грб на Бруклин.

Минувачите беа шокирани кога видоа дека Бруклин и Хана се расправаат пред сите. Во еден миг, таа почна да вреска и да плаче, иако седеа на отворено“, открива извор за „Сан“.

Во тој миг реагирало и обезбедувањето раздвојувајќи ја двојката. Веднаш биле известени и Викторија и Дејвид за инцидентот што се случил.

Се’ беше мошне драматично, се навредуваа“, додава изворот.Само неколку дена претходно, изгледаа мошне вљубено на црвениот килим држејќи се за рака. Инаку, ова не е првпат младата двојка да се кара во јавност, па Дејвид и Викторија се сериозно загрижени поради токричната врска на својот налседник.