четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Познати

Бекамови одат на суд, жена тврди дека е мајка на нивната ќерка

Бекамови одат на суд, жена тврди дека е мајка на нивната ќерка

Викторија и Дејвид Бекам наскоро ќе се најдат на суд со Шерон Бел, која познатиот пар го обвини дека ги украл нејзините јајцеклетки со кои е зачната нивната ќерка Харпер Севен.

Бекамови поднесе тужба против Шерон поради вознемирување бидејќи им праќала писма, им тропала на врата и ја чекала Харпер пред училиште за по часовите да може да разговара со неа,

Би-Би-Си пренесува дека Дејвид се чувствува вознемирено и се плаши за безбедноста на своето семејство, особено поради фактот дека Бел дошла до нивната врата и се обидела да влезе во нивниот дом под изговор дека таа му е сопруга на поранешниот фудбалер.

На сослушувањето таа истакнала дека не се чувствува виновно, а судењето ќе се одржи во јули годинава.

-Бел живее во лажно уверување дека е во врска во Дејвид Бекам, дека тој ги украл нејзините јајцеклетки и дека Харпер е нејзино и дете на Дејвид и затоа на 18 ноември минатата година ја чекала пред училиште. Дејвид тврди дека не ја познава обвинетата и дека таа не е мајка на нивното дете, вели обвинителката.

Судијата истакнал дека се работи за „бизарно тврдење“.

Коронавирус