вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 76
home Познати

Бекамови ќе го купат најскапиот апартман на светот- дома ќе си одат со хеликоптер! (ФОТО)

Бекамови ќе го купат најскапиот апартман на светот- дома ќе си одат со хеликоптер! (ФОТО)

Дејвид и Викторија Бекам планираат да го купат најскапиот апартман на светот, кој ќе ги чини ни помалку, ни повеќе цели 40 милиони евра.

Бекам веќе формира клуб во МЛС-лигата кој ќе се вика Интер Мајами, а во најсилната американска лига ќе почне со настапи од идната година, а зашто живее на Флорида, сега овој пар сака да живее во најудобниот апартман.

Станува збор за ексклузивна висококатница од 62 ката и 215 метри, во која ќе има 100 апартмани. Најевтиниот е пет милиони евра, но Бекамови го сакаат најскапиот на светот. Апартманот е на последниот кат, има сопствен базен а над него хелиодром, па практично тие дома побрзо ќе стигнат со хеликоптер, отколку да чекаат лифт за да се кажат на 62-от кат.

Инаку ексклузивната висококатница е дизајнирана од покојната архитектка Заха Хадид и делува навистина импресивно.

Најнови вести