понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 64
home Познати

Беби Дол заврши на улица: Побегнала од станот поради неплаќање кирија

Беби Дол заврши на улица: Побегнала од станот поради неплаќање кирија

Драгана Шариќ, попозната како Беби Дол, побегнала од станот на Врачар во кој до неодамна живеела затоа што четири месеци не плаќала кирии и сметки за струја и инфостан.

Некогаш популарната пејачка, една од најголемите ѕвезди на српската музика, веќе долго време има финансиски проблеми, од кои никако не може да се извлече. Повремено има настапи, но тоа не е доволно за сите нејзини животни потреби. Последните шест месеци е особено критична ситуацијата бидејќи имала големи трошоци, па дури не ни плаќала кирија за станот ниту комуналии.

Извор близок на Беби Дол рекол дека поради тоа преку ноќ побегнала од станот, бидејќи ѝ било срам да му каже на сопственикот дека нема пари за кирија.

„Не му платила четири месеци, а тој само еднаш ѝ се јави и ја праша што се случува. Таа му одговори дека очекува некакви пари и го замоли да ја почека месец – месец и пол и ќе му го исплати долгот. Меѓутоа, рокот помина, а таа веќе не му одговараше на телефонот бидејќи го исклучи мобилниот. Кога дојде во станот, го затекна испразнет, па преку заедничките пријатели успеа да стапи во контакт со пејачката, која почнала да плаче и да му се извинува, му кажала дека се срами, дека нема пари, но дека во првата пригода ќе му ги плати сите“, открива изворот, и додава:

„Месечната кирија за станот во кој живееше изнесува 220 евра, што значи дека му должи 880 евра. Плус 250 евра за неплатени сметки. Сопственикот не сака да ја пријави, ниту да ја тужи, затоа што врерува дека ќе му го исплати долгот. Тој е свесен дека Беби навистина нема пари и дека не би се офајдил многу доколку ја тужи.“

Најнови вести

Коронавирус