недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Познати

БАРАЛЕ МАКЕДОНКА, АМА НЕ НАШЛЕ, па паднала одлука Гал Гадот да ја глуми Клеопатра

БАРАЛЕ МАКЕДОНКА, АМА НЕ НАШЛЕ, па паднала одлука Гал Гадот да ја глуми Клеопатра

Веста дека израелската актерка Гал Гадот наскоро ќе ја глуми Клеопатра беше објавена во октомври, но незадоволството на дел од јавноста не запира. Многумина замеруваат и се убедени дека тоа е продолжение на озлогласената холивудска традиција белите актери да играат ликови со различна боја на кожа, и тие тврдат дека токму тоа е направено кога на Елизабет Тејлор и беше доделена истата улога.

Гал Гадот реши да одговори на овие обвинувања со укажување дека египетската кралица најверојатно не била црна.

– Најрпвин, ако ги сакате вистинските факти, тогаш Клеопатра била Македонка, рече Гадот за БиБиСи Арабија и додаде:

– Баравме македонска актерка која ќе се вклопи да ја игра Клеопатра, но не најдовме.

Гадот додава дека има пријатели низ целиот свет, христијани, муслимани, атеисти, будист, едноставно луѓето се луѓе, додаде таа

– Клеопатра е приказна што сакав да ја раскажам одамна. Не можев да бидам повеќе благодарна – рече таа

Клеопатра се смета за последен активен владетел на Птоломејски Египет, пред Рим да ја освои земјата. Потекнува од еден од генералите на Александар Велики, Птоломеј Први Сотер, кој владеел со Египет по смртта на Александар.

Коронавирус