четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 110
home Познати

Бар Рафаели се спаси од затвор, но мајка ѝ ќе одлежи 16 месеци

Бар Рафаели се спаси од затвор, но мајка ѝ ќе одлежи 16 месеци

Израелскиот супермодел Бар Рафаели и нејзината мајка вчера постигнаа спогодба со обвинителството по обвинението за затајување данок и таа прифати вина за да одбегне затворска казна.

Рафаели наместо затворска казна доби девет месеци општокорисна работа, а мајка ѝ Ципи Рафаели ќе одлежи 16 месеци во затвор.

И двете ќе добијат и условни казни и ќе треба да платат по 720.000 долари парична казна и да го платат затаениот данок од 2,3 милиони долари, објавија израелските медиуми.

Обвинителството соопшти дека 34-годишната Бар Рафаели затајувала данок од даночната управа од 2009 до 2012 година кога живееле и во странство и во Израел.

Таа тврдеше дека живеела главно во странство, а обвинителството ја товари дека не пријавила приходи, скапи подароци и попусти кои ги добивала во Израел. Бар тврдеше и дека не знаела ништо за настојувањата да се скрие заработката од тој период.

Супермоделот во јули минатата година е жалеше до Високиот суд за правда на пресудата на понизок суд да плати данок во Израел за заработката остварена во странство.

Таа смета дека нејзиниот однос со холивудскиот актер Леонардо Дикапприо бил доволно близок за да се смета за семејство и дека престојува во САД, а не во Израел.

Судот заклучи дека Рафаели во тие години имала семејни, финансиски и социјални врски во Израел и немала постојано место на живеење во САД.

Судијата исто така нагласи дека Дикаприо не сведочел во корист на Рафаели и дека нема докази како тој гледал на нивниот однос, ниту за неговите намери.

Случајот почна во декември, 2015 година кога Рафаели беше обвинета дека затаила данок за 250.000 долари. Нејзината мајка Ципи е обвинета за затајување 1 милион долари во приходи кои ги заработила како агент на Бар.

Коронавирус